Гостивар по девет години се враќа во Првата лига, Вардар во баражот за влез во елитата

Фото: ФК Вардар

Денеска се играа натпреварите од 29 коло во Втората македонска фудбалска лига, после Воска Спорт, влез во елитата обезбеди и екипата на Гостивар која се враќа во Првата фудбалска лига после девет години.

Гостивар убедливо го совлада Борец на домашен терен со 4:0 за 22 победа сезонава.

Вардар одигра реми 1:1 на стадионот во Маџари на дуелот со Пелистер, скопските „црвено-црни“ ќе играат бараж за влез во елитата против десеттопласираниот од Првата лига, а таму моментно е Скопје. Голот за Вардар го постигна Десниќ, а бод за битолскиот состав донесе Маневски од пенал.

Во останатите мечеви: Беласица – Арсими 0:1, Беса 1976 – Караорман 1:0, Саса – Пехчево Скопје 2:1, Слога Виница – Охрид 3:0, Тетекс – Кожуф Гевгелија 4:2.

Табела: Воска Спорт 72 бодови, Гостивар 70, Вардар 63, Пелистер 57, Беса 1976 48, Детонит Плачковица 47, Арсими 40, Охрид 38, Беласица 35, Караорман 34, Кожуф Гевгелија 33, Саса 30, Тетекс 28, Пехчево Скопје 27, Слога Виница 25, Борец 2.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот