Гори Шара во атарите на селата Дебреше и Здуње

Пожар на Шара/Фото: НП Шар Планина

Се уште активен пожарот кој зафати поголема површина борова шума во атарот на селата Дебреша и Здуње.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека екипите на Национални шуми и ренџерите од Националниот парк се на терен, и доколку се процени од нивна страна дека е потребна воздушна подршка во текот на денот истата ќе им биде испратена.

Приоритетот како што потенцираат од центарот вчера им биле заштитата на двете села со екипи на ТППЕ Гостивар, кои сеуште се таму.

Инаку неделава на Шара изгореа над 170 хектари шумска површина и пасишта во атарот на село Вешала.

Ренџерите час и половина пеш се движеле низ стрмен терен, за да стигнат до огнот оти се работело за непристапен терен.

Биле мобилизирани десет вработени од Јавната установа Национален парк Шар Планина.

Пожарот бил локализиран рачно со лопати и метли, но штетата што ја оставил зад себе е огромна.

Од Установата велат дека имаат годишна програма за заштита и превенција од пожари и работаат по истата веќе втора година. Но оттаму додаваат дека недостасуваат плановите за управување со шумите и вегетациска карта за целото подрачје.

Во 99% од случаите причина за пожарите е човечкиот фактор, во многу ретки случаи се самоизгаснуваат, а во ниту еден случај не се гаснат од канцеларија, дополнуваат од установата.

ВИДЕО: Во шумскиот пожар на Шара изгореа над 170 хектари шуми и пасишта, ренџерите гаселе на стрмен терен со лопати и метли

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот