Ѓорѓиев: Колку почесто се гледавме со бугарските колеги, толку повеќе растеа тензиите и недоразбирањата

Д-р Драги Ѓорѓиев е директор на Институтот за национална историја, но во моментов е во центарот на вниманието на македонската јавност, поради тоа што е еден од двајцата претседавачи, заедно со неговиот бугарски колега д-р Ангел Димитров, на Заедничката бугарско-македонска комисија за историските прашања и за учебниците, објави Мета.мк.

Во последниот период од Бугарија стасаа многу обвинувања, вклучително и од Димитров, дека македонските претставници еднострано ја прекинале работата на комисијата, како и дека биле повлијаени. Ѓорѓиев ги негира ваквите обвинувања, посочувајќи дека случувања покажале дека политичкиот притисок е многу повеќе застапен во Бугарија, како и дека не станува збор за еднострано прекинување на работата на комисијата, туку само несогласување во поглед на бројот на состаноци што комисијата треба да ги одржи. Бугарите инсистираа на повеќе средби, што е контрапродуктивно, вели македонскиот со-претседавач на комисијата.

– Работата на Комисијата е во согласност со Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија, и таму во  член 8 е наведено дека ќе се формираат тие комисии (се мисли на македонскиот и бугарскиот состав на Заедничката комисија – заб. авт), ќе се состануваат, но не е наведено колку пати треба да се состануваат. Ние почнавме со надеж дека два пати, три пати годишно ќе се среќаваме и ќе имаме размена на идеи, на препораки, на забелешки… Уште на почетокот од бугарска страна беше изразена желба, тенденција, тие средби да бидат почести. Ние се согласивме на четири средби годишно. Меѓутоа на бугарската страна и тоа не ѝ беше доволно, па сакаа шест средби годишно. И ние за 2019 година одржавме шест средби. Потоа имаше притисок за плус две средби, за една во август и за една во декември – вели Ѓорѓиев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот