Храбрата новинарка: Застрелана со шест куршуми додека чекала зелено светло на семафорот

Вероника Герин, новинарка од Ирска, е убиена е на 26 јули 1996 година, кога имала само 37 години, заради истражувањето на кое долго и макотрпно работела, а кое ја раскринкало една од најсилните тамошни мафијашки групи.

Во 1995 година, Герин била и наградена за низа текстови на спомнатата тема, покажувајќи дека слободата на печатот е можна, дека е крајно бестрашна, со оглед на тоа дека нејзиниот живот висел на конец. На крајот, се покажало дека цената на сè, сепак, бил нејзиниот живот.

 

Во текот на повеќе од 30 години истражувања на разни криминални групи, никогаш ниту еден новинар не бил убиен, поради што нејзината смрт предизвика најголема полициска истрага досега видена на тие простори.

По завршувањето на факултетот, Вероника работела како менаџер за односи со јавност, а потоа и како личен асистент на политичарот Чарли Хјуз, но струите на животот ја довеле до новинарство. Во 1990 година се вработила како новинар во деловниот сектор, а подоцна се обидела и како репортер за „Сандеј трибјун“.  Всушност, во 1994 година доаѓа до пресвртната точка, која ѝ го одредила понатамошниот тек на нејзиниот живот, па и на смртта.

Вероника се приклучила на редакцијата на најголемиот ирски весник, „Сандеј индепендент“, занимавајќи се со истражувачко новинарство. Почнала да ја следи приказната за католички бискуп кој имал вонбрачно дете. Работела брзо, била прецизна и концизна, па никој не се изненадил што наскоро станала еден од најдобрите новинари со најексплозивни приказни. Ги користела и врските што ги стекнала во текот на кариерата во политиката, па започнала да ги истражува и финансиските работи и проневерите на даблинското подземје и луѓето од „другата страна на законот“. Упорно го истражувала организираниот криминал и оние кои вршеле валкана работа, решена целосно да ги разоткрие ирските гангстери и нарко-групи. Не се плашела да бара информации и директно од криминалците, одбивајќи да им верува на полициските информации. Строгите ирски закони им забранувале на новинарите да ги идентификуваат потенцијалните сторители по име, па Вероника на криминалците за кои пишувала им давала живописни прекари како „Монах“, „Тренер“, „Пингвин“… Во октомври 1994 година, еден месец откако Вероника објавила статија во која го опишува животот на неодамна починатиот нарко-бос „Генералот“, два куршума прелетале низ прозорецот на нејзината куќа. Во јануари 1995 година, му ја отворила вратата на маж кој прво ѝ вперил пиштол во главата, па го спуштил малку пониско, ја застрелал во бутовите и побегнал. Таа верувала дека овој инцидент е предизвикан од нејзиниот напис за најголемиот грабеж во историјата на Ирска, во кој ги посочува можните сторители. Ја напуштила болницата со патерици и отишла директно до вратата на сите криминални шефови што ги знаела за да им каже дека не успеале да ја заплашат.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ireland’s Past (@irelandspast)

Во септември 1995 година, Вероника го посетила поранешниот затвореник Џон Гилиган на фармата за коњи, прашувајќи го како успеал да си обезбеди таков раскошен живот без да има работа за која сите други знаат. Гилиган, еден од добро познатите криминалните водачи, ѝ ја искинал маицата во потрага по скриено озвучување, и ја претепал. Подоцна, ѝ се јавил и ѝ се заканил дека ќе го убие и силува нејзиниот син ако таа инсистира да објави приказна за него. И покрај фактот дека се плашела од можноста нејзиниот син Катал да биде повреден, таа сепак не сакала да се откаже од потрагата по вистината.

Во јуни 1996 година, Вероника седела во нејзиниот црвен „опел“ чекајќи зелено светло, кога покрај неа прелетале два мотора, а едниот од двајцата возачи испукал дури шест куршуми во новинарката. Починала речиси во истата минута, а убијците исчезнале. Списокот на оние кои сакале Вероника да умре бил голем, но најголем сомнеж паднал Гилиган, кој се качил во авионот за Амстердам ден пред убиството. Се испоставило дека тој сепак не е виновен, но секако бил уапсен неколку месеци подоцна на лондонскиот аеродром под обвинение за перење пари и поседување наркотици, за што бил осуден на 28 години затвор. За убиството на Вероника се осудени луѓе блиски до Гилиган – Брајан Мејхан, Патрик Холанд и Пол Вард.

За нејзиниот живот се снимени два филма – „Кога небото паѓа“ и биографскиот „Вероника Герин“ во кој нејзиниот лик го толкуваше Кејт Бланшет.

Fanstastična Kejt u ulozi hrabre Veronike

                                                                                                      Профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот