Ѓорчев: Македонија буквално исчезнува, си заминуваат луѓе од сите националности и краишта

Ѓорчев посочи дека македонските граѓани се иселуваат и во Канада, Австралија, САД, во скандинавските држави, Австрија, Малта, Словенија, Хрватска…

Пустошење и иселување и се случува на Македонија за време на овој заевизам кој го имаме, обвини денеска пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Владимир Ѓорчев.

-Вчера заменик-амбасадорот на Сојузна Република Германија во Македонија Ото Граф кажа дека минатата година околу десет илјади граѓани на Македонија добиле работни визи за Германија. Тоа е фрапантен и страшен податок, рече Ѓорчев, додавајќи дека тоа е пораз на сите владини политики.

Ѓорчев посочи дека македонските граѓани се иселуваат и во Канада, Австралија, САД, во скандинавските држави, Австрија, Малта, Словенија, Хрватска…

-На Македонија и се случува невиден егзодус како никогаш во досегашната историја и Македонија станува пуста и празна земја, заклучи Ѓорчев. Потсети дека во 2016 година во првите девет месеци во нашата држава се родиле 17.400 бебиња, а во 2019 година во првите девет месеци се родиле 14.600 бебиња. Додаде дека е намален бројот на ученици во основните и во средните училишта.

Македонија, како што рече, буквално исчезнува, си заминуваат луѓе од сите националности и краишта. Сето ова, како што потенцира, зборува за политиките на Зоран Заев и неговите 28 министри кои не донесоа ниту една инвестиција, фабрика во Македонија. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот