Големо откритие: Научниците за првпат програмираа животни да раѓаат без оплодување

Фото: Pexels/ Глеб Коровко

За првпат, научниците биле во можност да ги променат гените на винската мушичка, со што женките наместо на вообичаениот начин да се размножуваат, можеле да раѓаат потомци без учество на мажјаци, со што ги откриле мистериите на интригантниот феномен познат како партеногенеза, пишува „Си-ен-ен“.

„Раѓањата од девица не се случуваат природно кај типот на овошни мушички кои биле вклучени во истражувањето“, рекла коавторот на студијата Алексис Сперлинг, развојен биолог на Универзитетот во Кембриџ.

Во новата студија, Сперлинг и нејзиниот тим објасниле дека биле во можност да користат генски мутации, за да создадат генерации женски, вински мушички, способни да се репродуцираат целосно сами – без интеракција со машките вински мушички.

Иако, раѓањата од девица, се случуваат природно кај некои животински видови, кај други тие се програмирани, како што се глувците. Со ова истражување се означува првиот пат, кога научниците успеале да изолираат специфични гени, за да ја направат партеногенезата трајна и наследна особина кај организам, кој инаку не е способен за овој тип на репродукција.

Подвигот може да изгледа како научна фантастика, но научниците велат дека ова не е предвесник на раѓања од девици, кај луѓето. Спрелинг тврди дека постојат повеќе причини кои ја спречуваат партеногенезата кај цицачите, бидејќи треба генетска разновидност. Но, истражувањето означува клучен напредок во разбирањето на репродукцијата низ животинското царство.

Фото: Pexels/ Erik Karits

„Мислам дека треба да ги разбереме основните аспекти на светот во кој живееме. Почнавме да разбираме како се случува сексуалната репродукција, без да знаеме дека ќе можеме да правиме ин-витро оплодување во иднина“, додала Сперлинг.

Што е партеногенеза?

Партеногенезата е форма на асексуална репродукција во која развојот на ембрионот се одвива без оплодување. Тоа е алтернатива на сексуалната репродукција и не бара генетски придонес на мажјакот. Многу видови на инсекти и влекачи, како и други животни, развиле способност за партеногенеза како алтернатива на сексот.

Откривање на гени клучни за партеногенезата

Сперлинг вели дека претходните истражувања веќе идентификувале гени-кандидати за партеногенеза. Таа истакнува дека нејзиниот тим успеал да ги идентификува таквите гени, но и да ја потврди нивната функција со нивно активирање кај друг вид кој вообичаено се размножува сексуално.

„Ние бевме првите што покажавме дека е можно генетски да се програмираат раѓања од девица кај животни. Беше многу возбудливо да се види како девица-мушичка, создава ембрион способен да се развие во возрасна единка, а потоа да го повтори процесот“, објаснила Сперлинг.

Генски прекинувачи

Во новото истражување, спроведено во текот на шест години, на 220.000 единки, тимот открил дека мушичките „Drosophila Мercatorum“, имаат способност за т.н. факултативна партеногенеза – способност да се префрли од сексуална во асексуална репродукција, при што идентификувале клучни гени кои дејствуваат како прекинувачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот