Големи редици за купување марихуана во Чикаго

Од првиот ден во новата година канабисот се продава легално за рекреативна употреба во Илиноис.

Голем број жители на Чикаго на 1 јануари чекаа во ред за да купат марихуана, која од првиот ден во новата година се продава легално за рекреативна употреба во Илиноис.

Меѓу првите клиенти беше и заменичката на гувернерот на Илиноис Џулијана Страттон, која купи гумени бонбони со марихуана. Таа рече дека администрацијата на Илиноис презела важен чекор напред со легализирање на канабисот.

– Тука сум за да го прославам големиот ден за Илиноис, рече Стратон.

Во Илиноис веќе беше легализирана употребата на медицинска марихуана и сега е 11-та држава што дозволува продажба и рекреативна употреба.

Властите на Илиноис се надеваат дека до 2022 година оваа држава ќе заработи 250 милиони долари од канабисот.

Клучен дел од новиот закон е амнестијата за оние кои имале мали правни проблеми со марихуаната. На последниот ден од старата година, амнестирани беа повеќе од 11.000 луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот