Ѓоковиќ се враќа на теренот: Го дозна патот кон Надал и титулата во Рим!

EPA-EFE/CLAUDIO ONORATI

Грен слем турнирот во Њујорк (САД), „УС Опен“ останува минато за најдобриот светски тенисер кој наскоро ќе има нов голем предизвик, Мастерс турнирот во Рим кој ќе стартува в понеделник, 14 септември.

Титулата во Италија ја брани шпанскиот тенисер Рафаел Надал кој минатата година славеше против Новак Ѓоковиќ со резултат 2:1 во сетови 6:0, 4:6 и 6:1.

Српскиот ас сигурно ќе биде додатно мотивиран после дисквалификацијата на „УС Опен“, а денеска го дозна патот кон титулата во „Вечниот град“.

Ѓоковиќ во првото коло ќе биде слободен, а во второто ќе игра со победникот од мечот Салваторе Карузо и квалификант, а потоа го чека нешто потешка задача и еден од следните ривали Кајл Едмунд, Филип Крајиновиќ, Феликс Оже Алијасим.

На патот кон финалето најпознати противници на Ноле би можеле да му бидат Станислас Вавринка, Матео Беретини, Гаел Монфис и Давид Гофан.

Интересен е и патот на Надал, Шпанецот веќе во втората рунда ќе ги одмери силите против својот сонародник Пабло Карењо Буста, полуфиналистот од „УС Опен“ и играч против кој Ѓоковиќ беше исфрлен од Њујорк.

После таа пречка, Надал би можел да налета на српскиот тенисер Душан Лајовиќ, а на оваа страна од ждребот се и третиот носител Стефанос Циципас, Фабио Фоњини, Григор Димитров…

УС Опен: Осака за титулата против Азаренка! (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот