6.8 C
Скопје

УС Опен: Осака за титулата против Азаренка! (ВИДЕО)

Азаренка во полуфиналето ја елиминираше Серена Вилијамс, а Осака беше подобра од Џенифер Брејди, па така завршната битка на грен слем турнирот УС Опен во женска конкуренција ќе помине без Американки.

Викторија Азаренка и Наоми Осака ќе играат во големото финале оваа година. Белорусинката Азаренка после пресврт и голема борба ја совлада С. Вилијамс со 2:1 во сетови 1:6, 6:3 и 6:3 и се пласираше во првото грен слем финале после седум години.

За Азаренка ова е прва победа против Вилијамс уште од 2016 година. За титулата ќе игра против Јапонката Осака која со 7:6, 3:6 и 6:3 ја совлада Џенифер Брејди. Ова е второ финале во кариерата за Осака на УС Опен, претходно играше во 2018 година кога и го освои трофејот.

Прочитајте и...  ВИДЕО | Атлетичарката Ефремовска: За успех потребно е волја и многу труд и работа

Следуваат машките полуфинални дуели, Пабло Карењо Буста (Шпанија) се соочува со Германецот Александер Зверев, а Русинот Данил Медведев за ривал го има Доминик Тим од Австрија.

Хрватот Мате Павиќ и Бразилецот Бруно Соареш ја освоија титулата во двојки во машка конкуренција на УС Опен, откако во финалето славеа триумф над осмите носители Весли Колхоф од Холандија и Хрватот Никола Мектиќ од Хрватска со 7:5, 6:3.

Поврзани вести

Нејмар останува во ПСЖ само доколку дојде Меси!?

Слободен печат

Ристовски би можел да ја продолжи кариерата во Русија!

Слободен печат

Навивачите на Реал го најдоа „виновникот“ за лошата сезона!

Слободен печат

Македонецот на „Стемфорд Бриџ“: Алиоски не се плаши од Челси!

Слободен печат

МЗТ Скопје и Работнички ќе играат во Бања Лука!

Слободен печат

Сејдини: Приоритет до билетите за следење на ЕП да имаат сите медицински лица!

Слободен печат

Остави Коментар