Го водеше финалето во Лига Европа, а сега ќе ни суди против Косово!

Фото: EPA-EFE/Ina Fassbender/POOL

Најдобрите македонски фудбалери ја темпираат формата за натпреварот в четврток во плеј-офот за пласман на наредното Европско првенство.

Нашата А репрезентација во полуфиналето од УЕФА Лигата на нации ќе ги одмери силите против селекцијата на Косово на 8 октомври од 20.45 часот.

На центарот на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје ќе застане главниот судија кој доаѓа од Холандија, Дани Макели.

Ќе му помагаат неговите сонародници Марио Дикс и Хесел Стегстра, додека УЕФА делегат е Камелиа Николае од Романија.

Инаку токму Макели го судеше и финалето во Лига Европа за минатата сезона во кое се сретнаа Севиља и Интер (3:2).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот