Го има рецептот за долга и среќна кариера: Американка на 100 години работи четири пати неделно

Фото: Instagram/ CNBC

Американката Џејн Барнс не планирала да работи на 100 години. Но, сега речиси секој работен ден наутро, вози 20 минути од нејзиниот дом во Синсинати до Мејсон, Охајо, за да работи кратка смена во продавницата „Joann Fabric and Crafts“, пишува „Си-ен-би-си“.

Во споменатата продавница Џејн работи веќе 26 години, четири пати неделно. Работниот ангажман и е еден од омилените начини да го поминува времето.

„Уживам во тоа што го работам и сакам да продолжам да работам. Ќе работам додека можам да работам или додека тие ме сакаат овде“, изјавила таа.

Џејн на 26 јули ќе наполни 101 година, а сегашната работна позиција ја презела неколку месеци, откако ѝ починал сопругот Дик. Нејзината ќерка Дона, во продавницата тогаш била вработена со скратено работно време, па ја препорачала Џејн како нова работничка.

Инаку, Џејн била книговодителка во поголемиот дел од својот работен век и неколку пати се обидела да се пензионира во 70-тите и 80-тите. Сепак, по неколку месеци во пензија, таа повторно почнувала да работи, бидејќи, не сакала да ја пропушти стекнатата рутина и паузите со колегите.

„Уживам да разговарам со сите со кои работам и запознавам многу љубезни клиенти. Некои од нив се изненадени кога ме гледаат на маса како сечам текстил“, додала Џејн.

Таа верува дека нема тајна за долг и среќен живот, но верува дека работата многу ѝ помогнала. За време на нејзината повеќедецениска кариера дознала дека заедничката карактеристика на „најдобрите работни места“ е кога има добри соработници и пријатна атмосфера. Вели дека е најважно да се најдат луѓе кои се дружељубиви и љубезни.

Според Џејн, добриот работен однос со колегите и претпоставените може да ја направи работата попријатна и времето на работа да помине побрзо, па дури и да ви помогне да живеете подолго.

“Да се ​​биде зафатен ве спречува да се фокусирате на болката. Тоа е она што го олеснува”, рече таа.

Нејзиниот совет се заснова на 85-годишното истражување на престижниот универзитет Харвард. Ова истражување покажа дека позитивните меѓучовечки односи се она што ги прави луѓето среќни во текот на целиот нивен живот.

Од голема важност се и меѓучовечките односи на работното место. Истражувањето покажало дека најнесреќните работни места се оние каде луѓето се најосамени. Овие работни места најчесто вклучуваат повеќе независна работа, отколку соработка со колеги или се поврзани со работа во смени во ноќните часови.

Во продолжение погледнете го ТикТок видеото каде Џејн со колегите го прославува својот 100-ти роденден.

@maggiehusvar brb booking a flight to St. Augustine with the BIRTHDAY GIRL!!! happy 100th birthday Jayne💚💚 @joannstores #FilmTeyvatIslands #joann #birthday ♬ original sound – Maggie

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот