„Гласините не стивнуваат“: Дали Кајли Џенер и Тревис Скот го очекуваат своето второ дете?

кајли џенер тревис скот
Фото: Принтскрин/Youtube

Кајли Џенер и Тревис Скот го очекуваат своето второ дете, велат извори за „PageSix“.

Откако се роди нивната ќерка Сторми во февруари 2018 година, 24-годишната Кајли во неколку наврати изјави дека не сака нејзината ќерка Сторми да биде единица, а се чини дека нејзината желба конечно и ќе се оствари.

„Чувствувам притисок бидејќи сите ја сакаат Сторми. Дефинитивно чувствувам притисок да ѝ родам брат или сестра. Бременоста не е шега. Тоа е сериозна работа, тешко е“, изјави Кајли минатата година во интервју за „Harper’s Bazaar“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kylie Jenner News (@kyliesnapchat)

Гласините за наводната втора бременост започнаа уште во јуни, кога Кајли Џенер објави фотографија на социјалната мрежа „Инстаграм“ на која позираше во војнички дизајн. Деновиве повторно се актуелизираше темата откако неколку извори за странските медиуми со сигурност тврделе дека гласините се вистина.

Но засега, ниту таа ниту нејзиниот партнер, раперот Тревис Скот не ја потврдиле веста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kylie 🤍 (@kyliejenner)

Кајли и Скот се заедно од април 2017 година. Ѕвездата својата прва бременост ја чуваше далеку од очите на јавноста, и веста за истата ја откри дури откако се роди нејзината ќерка Сторми.

„Бев многу млада кога забременив и ми беше премногу. Не знаев како ќе го објавам тоа во јавноста. Мислам дека тоа беше нешто што морав да го поминам сама“, објасни во една прилика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот