Ѓуроски: Мислам дека можеме да ја победиме Литванија во Скопје

фото: kfsm.mk

Стојан Ѓуроски беше еден од најдобрите поединци во македонската кошаркарска сениорска репрезентација во победата над Полска во Сосновиец во рамките од квалификациите за Евробаскет 2025.

Нашите најдобри кошаркари доминираа против четвртата европска селекција на последнто ЕП, и покажавме дека можеме многу повеќе со овој играчки ростер.

А Ѓуроски одамна има свое место во истиот. Во убедливите „плус 25“ (96:71) искусниот крилен кошаркар реализираше 17 поени, со висок процент на реализација (3/5 за три, 3/4 за два и 2/3 за еден поен), плус и две освоени топки, два скок аза повеќе од 31 минута помината на теренот.

Влеговме максимално мотивирано во натпреварот. Знаевме од каква значење е за нас. И тоа дефинитивно ни се исплатеше. На нивната игра одговоривме со една многу поголема агресивност. Мислам дека можеби малку и нè потценија. Се одлучивме помалку и да ризикуваме со нивниот шут од далечина, во прв ред на Балцеровски, и тоа на крајот и се исплатеше.

Сепак, сметам дека енергијата беше клучен фактор за победата на овој натпревар. Погодивме доста шутеви од далечина. И дека поголем дел од репрезентативците одиграа феноменално. Нено нè предводеше, и не само што погоди доста, и комплетираше висока бројка на поени, туку нè разигра и нас останатите. И мислам дека на крилјата на оваа победа треба да продолжиме да се надградуваме како тим. Можеби лош момент е победата на Естонија против Литванија. Меѓутоа тоа не значи ништо за нас. Следна на ред ни е репрезентацијата на Литванија, за која лично сметам дека можеме да ја победиме во Скопје. Има уште многу да се игра во овие квалификации, и ќе се потрудиме да победиме на што повеќе натпревари. Ова во Полска беше само првиот – вели Ѓуроски.

Следува долга пауза до новите репрезентативни обврски, следниот меч избраниците на селекторот Александар Јончевски ќе го имаат годинава 21 ноември со Литванија, а три дена подоцна следува гостувањето против истата селекција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот