Ѓоргиев: Ги повикуваме сите Македонци, да купат карти, да бидат со нас на Европското одбојкарско првенство

фото: Одбојкарска федерација на Македонија

Најдобрите македонски одбојкари се собраа по повод Европското првенство 2023, следуваат 44 денови подготовки, тренизни во два града и во три сали, 11 контролни натпревари.

Тоа ќе биде содржината на работниот период за македонските одбојкари во пресрет на ЕП чијшто коорганизатор ќе бидеме кон крајот на август и на почетокот на септември.

Потсетување дека во продажба се билетите за Европското првенство. Повеќе информации ТУКА

Селекторот Јошко Миленкоски повика 19 одбојкари за тренажниот процес пред континенталниот собир. Репрезентацијата ќе тренира во салата „Јане Сандански“ во Скопје до 9 август, потоа ќе оди во Кавадарци, па ќе се врати во главниот град за завршните тестови пред третиот настап на европските првенства.

Фото: „фејсбук“ Одбојкарска федерација на Македонија

– Денеска ги започнуваме толку очекуваните подготовки за овој голем настан. Сите заедно многу добро одморивме и заедно сме подготвени да изгинеме на секој тренинг, да го дадеме нашиот максимум за што подобро да се подготвуваме за натпреварите на Европското првенство. Ги повикувам сите Македонци, да бидат со нас, да купат карти и се гледаме на 30 август против Данска од 20.15 часот во СЦ „Борис Трајковски“ – се зборовите на еден од најдобрите македонски репрезентативци, Никола Ѓоргиев.

Првите контроли ќе бидат со Романија од 4 до 6 август во „Јане Сандански“, а потоа националниот состав ќе се префрли во салата „Јасмин“ за заедничка работа со Израел и со Јапонија. Со Израелците, коишто исто така се коорганизатори на европскиот шампионат, ќе одиграме две средби, а тие со Јапонија една, исто како и Македонија, што значи дека во Кавадарци ќе има четири меча во период од четири дена пред македонските одбојкари да се вратат во Скопје.

„Црвено-жолтите“ ќе одиграат уште два натпревари со Јапонија во СЦ „Борис Трајковски“, а потоа дополнително уште еден од 18 до 20 август на традиционалниот меморијален турнир „Чајка“. Тогаш ќе ја провериме формата и со Грција и со Египет, а потоа Миленкоски ќе може да го освежува тимот и да бара завршна глазура на тренинзите до првиот настап на третото европско по ред за нас.

Во групата во Скопје ќе играме со Данска на 30 август, со Црна Гора на 2 септемвмри, со Полска на 3 септември, со Холандија на 5 септември и со Чешка на 6 септември, со нескриена амбиција првпат да се пласираме во осминафиналето. Во него ќе бидат по четири од шесте селекции во групите во Македонија, во Израел, во Италија и во Бугарија.

Потсетување дека во продажба се билетите за Европското првенство. Повеќе информации ТУКА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот