Ѓорческа ќе игра за финале во Сплит, Ивановски го совлада Италијанецот Донати во Дубровник

Лина Ѓорческа/фото: mtftennis.mk

Денеска најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски на стартот од турнирот во Дубровник, Хрватска, успеа да го да го совлада Матео Донати од Италија со 2:1 во сетови 1:6, 6:3 и 6:0.

Ивановски, кој е петти носител на турнирот во второто коло ќе игра против Босанецот Алдин Сеткиќ кој со 6:1 и 6:2 беше подобар од квалификантот Емил Дапчевиќ од Црна Гора.

Вториот наш тенисер на турнирот, Горазд Србљак (LL) иако го доби првиот сет со 6:3, неговиот противник од Босна и Херцеговина и воедно квалификант, Андреј Недиќ направи пресврт освојувајќи ги следните два сета со 6:3 и 6:3.

Ивановски настапува и во двојки, во четвртфиналето заедно со Лука Микрут од Хрватска како четврти носители ќе играат против Хрватите Марко Баничевиќ и Кристиан Тумбас Кајго.

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа заедно со Вероника Ерјавец од Словенија ибезбедија пласман во полуфиналето на турнирот во Сплит (Хрватска) откако 2:1 (5:7, 6:2, 12:10) ги совладаа првите носителки Екатерине Горгодзе (Грузија) и Лејре Ромеро Гормаз (Шпанија).

За пласман во големото финале Ерјавец и Ѓорческа в четврток ќе играат против чешките тенисерки Сара Бејлек и Лусие Хавлицкова кои пак со 2:1 (6:7, 6:1, 11:9) ги елиминираа Русинките Анастасија Гасанова и Екатерина Јашина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот