Ѓоковиќ пред Надал и Федерер: Новак постави нов рекорд со победата над Монфис во Синсинати

фото: EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Новак Ѓоковиќ во осминафиналето на Мастерс турнирот во Синсинати (САД) го совлада Гаел Монфис од Франција со 2:0 во сетови 6:3 и 6:2.

Српскиот тенисер во четвртфиналната фаза ќе игра против Американецот Тејлор Фриц. При водство од 5:0 во првиот сет, мечот го предаде Душан Лајовиќ од Србија.

Ѓоковиќ со победата над Монфис постави нов рекорд во светскиот тенис, против Французинот има дури 19 победи во низа без пораз, што е сега и официјално најдолга низа на АТП турнирите, откако претходно го делеше рекордот со Рафаел Надал кој запиша 18 победи по ред против Ришар Гаске.

Интересно е што Монфис еднаш победи против Ѓоковиќ, но на фјучрс турнир во Италија, што не е вклучено во оваа пресметка.

Третото место на таа листа го делат неколку играчи со по 17 победи (легенди како Иван Лендл и Бјорн Борг), а името на Рожер Федерер се спомнува двапати. Швајцарецот таква низа оствари против Давид Ферер и Михаил Јужни.

ВИДЕО | Србите лути: Дејвис Купот ги претстави без Косово

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот