Ѓоковиќ постави уште еден рекорд: Кирјос саркастичен поради големиот успех

фото: EPA-EFE/KIERAN GALVIN

Австралискиот тенисер Ник Кирјос испрати саркастичен коментар до своите критичари, по експресната продажба на билетите за егзибицискиот меч, во кој ќе игра против Новак Ѓоковиќ.

Имено, билетите за овој меч се распродадени за рекордни 58 минути.

– Леле, Ник Кирјос е лош за спортот. Срам, национален срам! Како се осмели да распродаде уште еден стадион, ароганцијата – напиша Австралиецот на Твитер.

На почетокот на овој месец Кирјос се повлече од „Јунајтед купот“ поради повреда, но тоа се случи неколку минути пред официјалната прес-конференција и предизвика незадоволство кај австралискиот тренер Лејтон Хјуит и неколку соиграчи.

Кирјиос (27) нема настап од октомври минатата година, а поради проблеми со зглобот ги пропушти и подготвителните мечеви во Аделаида, пред Ѓоковиќ да му понуди да играат еден против друг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот