Ѓоковиќ без мака ја помина и втората пречка во Токио

EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Главниот фаворит за освојување на златниот медал на тенискиот турнир на Олимписките игри во Токио, Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во осминафиналето откако во второто коло го совлада Јан Ленард Штруф. Ѓоковиќ работата во второто коло ја заврши за нешто повеќе од 75 минути игра и славеше со 6:4,6:3.

Во првиот сет и двајцата тенисери беа сигурни на свој сервис, Ѓоковиќ му дозволи само една брејк топка на противникот, но ја спаси во третиот гем, додека првата шанса за брејк веднаш ја искористи. Во десеттиот гем, Ѓоковиќ имаше 0:40 на сервис на Германецот и ја искористи првата брејк топка што значеше и освојување на сетот со 6:4.

Во вториот сет, во првите четири гема имаше три брејка. Ѓоковиќ два пати го одзеде сервисот на германскиот тенисер кој пак успеа само еднаш да го изненади главниот фаворит за титулата. Ѓоковиќ со сигурен сервис ја задржа предноста до крајот за конечен триумф од 6:3.

Нареден противник на Ѓоковиќ во осминафиналето е Шпанецот Алехандро Давидович Фокин кој беше поуспешен од Милман во три сета. Настапот на Игрите во Токио заврши за Хрватот Марин Чилиќ кој е поразен од Пабло Карењо Буста во три сета со 7:5,4:6,6:4
На женскиот турнир, се случи ново големо изненадување, елиминирана е полската тенисерка Ига Швјонтек која загуби со 7:6,6:3 од Шпанката Бадоса.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот