Гевгелиските медицинари бараат помош од младите за успешно справување со третиот бран

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Големиот број на пациенти кои секојдневно се обраќаат за лекарски преглед и понатамошен третман во модуларната ковид болница ја прават загрижувачка епидемиолошката состојба во Гевгелија дури и по една година откако беше регистриран првиот случај на заболен пациент од Ковид-19 во општината.

Според директорот на Општата болница, Митко Крџев, енормниот наплив на пациенти доведува до отежнато функционирање на болницата која, покрај ограничениот капацитет, се соочува и со редуциран персонал што ситуацијата ја прави уште понезавидна.

– Последниот биланс во болницата е 26 хоспитализирани во ковид болницата,70 пациенти на третман во дневната болница и 20 пациенти кои се лекуваат во домашни услови со асистенција на Итната медицинска помош и чиј број е со растечка тенденција, рече Крџев.

Како медицинско лице и родител, Крџев испрати искрена порака до младите лица со молба да се придржуваат дисциплинирано на ограничувањата и мерките затоа што смета дека овој трет бран на пандемијата е најсилниот досега и што е уште пострашно веќе ја поместува и долната старосна граница на оние што се инфицираат.

– Не заборавајте дека сите сме одговорни за сопственото и колективното здравје. Заедно ќе бидеме посилни доколку ги почитуваме здравствените препораки. Со тоа ќе ни помогнете нам што побргу и побезболно да се соочиме со третиот корона бран, нагласи Крџев во пораката до младите од општина Гевгелија. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот