Германската влада малку ја зголеми прогнозата за раст за 2020 година

фото: Профимедиа

Економијата ќе расте подобро оваа година отколку што се проценуваше минатата година. Изгледите се повесели – но не можеме да бидеме задоволни од сегашниот раст.

Германската влада скромно ја зголеми прогнозата за економски раст за оваа година на 1,1 процент, што е за 0,1 процентни поени од својата проекција во октомври 2019 година.

– Економијата ќе расте подобро оваа година отколку што се проценуваше минатата година. Изгледите се повесели – но не можеме да бидеме задоволни од сегашниот раст. Тековните показатели за раст се сè уште премногу ниски – рече германскиот министер за економија Питер Алтмајер за новата прогноза.

Германската економија, најголемата во Европа, бележи експанзија 10 години по ред, но нејзиниот раст од 0,6% во БДП минатата година е најслаб од 2013 година.

Приватната потрошувачка најмногу ја поддржуваше германската економија во минатата година, додека растот на извозот забави и производството ослабе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот