Германска покраина ослободува илјадa затвореници поради коронавирусот, но не и сексуални престапници

Сексуалните престапници и осудените за други насилнички злосторства се исклучени од оваа одлука, рече Бизенбах.

Најнаселената покраина во Германија, Северна Рајна-Вестфалија, планира да ослободи илјада затвореници со цел да испразни ќелии што би се користеле како простории за карантини, поради загриженост дека коронавирусот може непречено да се шири во затворите, изјави денеска министерот за правда на покраината Петер Бизенбах.

Според планот објавен во германското списание „Фокус”, ќе бидат ослободени затвореници на кои им преостанал само мал дел од казната. Сексуалните престапници и осудените за други насилнички злосторства се исклучени од оваа одлука, рече Бизенбах.

– Во моментов имаме многу малку слободен простор, изјави тој додавајќи дека очекува други германски провинции да го следат примерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот