Германија со најсилен пад на БДП од 1970 година

Во тримесечјето април – јуни, БДП на најголемата европска економија на годишно ниво забележува пад од 11,7 проценти, се вели во податоците на Федералниот завод за статистика.

Германската економија падна во вториот квартал оваа година за 10,1 отсто на квартално ниво, покажуваат прелиминарните податоци на заводот за статистика „Дестатис“.

Ваквиот остар пад е последица на наглото намалување на потрошувачката кај домаќинствата, падот на деловните инвестиции и извизит поради вонредните мерки за затворање на активностите воведени поради спречување на ширењето на пандемијата од Ковид – 19, пренесува „Ројтерс“.

– Ова е најостар пад откако почнаа да се прават кварталните пресметки на ВДП во Германија уште од 1970 година, соопштува „Дестатис“.

Во тримесечјето април – јуни, БДП на најголемата европска економија на годишно ниво забележува пад од 11,7 проценти, се вели во податоците на Федералниот завод за статистика.

Аналитичарите кои ги ангетираше „Ројтерс“ предвидуваа дека германската економија во вториот квартал ќе потоне за 9 отсто на квартално ниво и за 11,3 отсто во однос на истиот период претходната година.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот