Германија ја користи стратегијата на Јужна Кореја во борбата против коронавирусот

epa08281057 A Coronavirus clinic sign hangs at the entrance to the Dresden University Hospital in Dresden, Germany, 09 March 2020. The World Health Organization (WHO) lists Germany with 795 confirmed Covid-19 cases in total with so far no casualties from the infection as of 08 March 2020. EPA-EFE/FILIP SINGER

Во документот што го објави Министерството за внатрешни работи од Владата на канцеларката Ангела Меркел  се предвидува стратегија по примерот на Јужна Кореа, со најмалку 200.000 тестирања дневно.

Германија во борбата со коронавирусот ја воведува стратегијата што ја избра Јужна Кореа, а се сведува на многубројни тестирања и сместување на заболените во карантин, за да спречи преоптоварување на болниците.

Германија често се истакнува како пример во Европа поради пристапот кон епидемијата. Германија спроведува помеѓу 300 и 500 илјади тестирања на коронавирусот неделно, повеќе од нејзините европски соседи, особено Франција, каде се тестираат само тешко заболените.

Германија може да се пофали со можеби најсилниот здравствен систем во Европа, кој располага со 25.000 респираторни машини и 28.000 кревети за интензивна нега, што е неколкупати поголем капацитет од здравствените системи во Италија, Шпанија, Франција и Велика Британија /Берлин, 26 март 2020 / Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Во документот што го објави Министерството за внатрешни работи од Владата на канцеларката Ангела Меркел, се предвидува стратегија по примерот на Јужна Кореа, со најмалку 200.000 тестирања дневно.

Во иднина, сите што мислат дека имаат коронавирус, како и сите што биле во контакт со заболен ќе можат да се тестираат, се наведува во документот.

Пунктови за дијагностирање на коронавирус во Мејнхејм, Германија / март 2020 / Фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Тестирањата во овој момент се вршат на заболени лица кои биле во контакт со лица позитивни на вирусот.

Во документот исто така се оценува дека геолокациите, што Сеул ги користеше, се „долгорочно неизбежни” со цел популацијата да може да ги следи местата на кои се наоѓаат лица позитивни на коронавирусот.

– Јужна Кореа може да биде пример и покрај културните разлики помеѓу двете земји, истакна Лотар Вилер, официјален претставник на Институтот Роберт Кох, задолжен за борба со епидемијата во Германија.

Во западна Германија, ланец на маркети овозможи поддршка од роботи кои ќе се погрижат купувачите да ја одржат дистанцата од 2 метри додека се внатре / 31 март 2020, Линдлар, ГерманијаФото: EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

– Јужна Кореа може да биде пример и покрај културните разлики помеѓу двете земји, истакна Лотар Вилер, официјален претставник на Институтот Роберт Кох, задолжен за борба со епидемијата во Германија.

Во Германија веќе се води расправа бидејќи во прашање е и заштита на лични податоци, нешто што Германците го сметаат за многу важно, по две диктатури во 20 век.

Во оваа фаза Германија има 650 починати лица, а 13.500 се оздравени од вкупно  67.051 заразени, така што ситуацијата не  е ни одблиску толку страшна како во другите земји. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот