Германија е подготвена да прими 1.500 малолетни бегалци од грчките острови

Во изјавата на партиите на владејачката коалиција се потенцира важноста да и се помогне на Грција да ги заштити надворешните граници на ЕУ, но оти на Грција исто така и треба помош во грижата за бегалците.

Партиите од германската владејачка демохристијанска-социјалдемократска коалиција синоќа постигнаа договор за прифаќање на 1.500 малолетни бегалци од грчките острови, нагласувајќи дека ова е решение во рамките на договор на ниво на Европската унија.

– Постојат сигнали дека и други земји од Европската унија, како Франција, може да придонесат за заштита на посебно загрозените малолетни бегалци од грчките острови, изјави лидерката на владејачката Христијанско-демократска унија (ЦДУ), Анегрет Крамп-Каренбауер за јавниот сервис Дојчландфанк.

Крамп-Каренбауер истакна дека Германија намерно посегнала по решение за кое не е потребна согласност од сите членки на ЕУ. Таа нагласи дека во моментов се бара „Коалиција на оние кои имаат волја” меѓу земјите на ЕУ со цел да се организира прифаќање на одреден број малолетни бегалци.

Во изјавата на партиите на владејачката коалиција се потенцира важноста да и се помогне на Грција да ги заштити надворешните граници на ЕУ, но оти на Грција исто така и треба помош во грижата за бегалците.

– Редот и хуманитарноста често одат заедно. Затоа сакаме да и помогнеме на Грција кога станува збор за тешката хуманитарна состојба, се вели во изјавата на коалициските партии.
Во рамките на акцијата, Германија е подготвена од грчките острови да прифати 1.000 до 1.500 деца, а се работи за малолетните лица кои имаат потреба од итна медицинска помош или се без придружба и помали од 14 години.

Во соопштението се потенцира дека „се работи претежно за девојчиња”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот