Германија ѝ ги испорача ветените хаубици на Украина

Фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Германски самоодни хаубици пристигнаа денеска во Украина, со што Германија за првпат по рускиот напад на 24 февруари испорача тешко оружје.

„Ѝ благодарам на Германија за испорачаните хаубици“, се заблагодари преку Твитер украинскиот министер за одбрана Олексеј Ресников на германската колешка Кристин Ламбрехт.

Станува збор за седум самоодни хаубици од типот 2000, кои Германија ги вети на почетокот на мај.

Украински војници поминаа неколку недели во базата на Бундесверот во Идар – Оберштајн, каде што научија да ракуваат со ова тешко оружје, кое, според Бундесверот, е меѓу најмодерното што го поседуваат германските воени сили.

Германската влада денеска објави список на оружје што досега ѝ го доставила на Украина, вклучително и самоодните хаубици. Ова е првпат владата да даде прецизен список на испорачано оружје.

Холандија треба да испорача уште пет хаубици од ист тип произведени во Германија.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот