Германец примил 217 вакцини против ковид без штетни последици

вакцинација илустрација
Фото: EPA-EFE

Германец на 62-годишна возраст бил вакциниран против ковид 217 пати, и покрај лекарскиот совет, но истражувачите од Универзитетот Ерланген-Нирнберг тврдат дека оваа количина на имунизација не му наштетила.

Човекот приватно се вакцинирал во рок од 29 месеци, а овој случај е забележан во медицинското списание „Лансет инфекшн дизис“ (The Lancet Infectious Diseases), јавува Би-би-си.

Д-р Килијан Шобер, од одделот за микробиологија на Универзитетот во Ерланген-Нирнберг, го контактирал човекот за да ја тестира плунката, како и свежите и замрзнати примероци од крвта.

– Ние можевме да земеме примероци од крвта кога човекот прими дополнителни вакцини во текот на студијата, на негово инсистирање. Успеавме да ги искористиме овие примероци за да утврдиме точно како имунолошкиот систем реагира на вакцинацијата – рекол Шобер.

Д-р Шобер бил загрижен дека хиперстимулацијата на имунолошкиот систем, кој преку вакцинацијата препознава и се бори против ковид, со повторени дози може да замори одредени клетки. 

Но, истражувачите не пронашле докази за ова кај 62-годишниот маж, ниту пак, постоеле индикации дека тој некогаш боледувал од вирусот. Истражувачите нагласиле дека не ја поддржуваат хипервакцинацијата како стратегија за зајакнување на адаптивниот имунитет, а резултатите од нивните тестови на 62-годишникот биле недоволни за донесување далекусежни заклучоци и препораки за пошироката јавност.

„Тековните истражувања покажуваат дека три дози вакцинација, заедно со редовните дополнителни вакцини за загрозените групи, остануваат оптималниот пристап“, е соопштено на веб-страницата на универзитетот.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот