Георгиески: Започнаа активностите за отстранување на нелегално изградениот ѕид во авто – кампот „Градиште“

Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески на Фејсбук објави фотографии, со кои потврди дека е почната активност за отстранување на нелегално изградениот ѕид во кампот „Градиште“.

Акцијата доаѓа по вчерашната објава на ОХРИД СОС кои реагираа на изградба на нова дивоградба на познатата охрдиска плажа.

– Започнаа активностите за отстранување на нелегално изградениот ѕид во авто – кампот „Градиште“.

Градежен, комунален инспектор и инспектор за животна средина, утрово, извршија увид по што беше констатирано дека изведувачот нема постапено согласно издаденото решение за отстранување.

Согласно тоа, денес, започнаа активностите за отстранување на нелегално изградениот ѕид, напиша Георгиески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот