Генералниот директор на Би-Би-Си најави заминување од функцијата

Фото: Профимедиа

Го послушав срцето, иако, искрено, никогаш не посакав да си одам, потенцираше Хол.

Генералниот директор на Би-Би-Си Тони Хол соопшти дека по седум години, на лето ќе се повлече од функцијата.Тој потенцираше дека тоа било тешка одлука.

– Го послушав срцето, иако, искрено, никогаш не посакав да си одам – потенцираше Хол. Тој истакна дека за Би-Би-Си е важно да има ист директор во 2022 година, кога е време за пресек на работата на половина мандат и обнова на повелбата во 2027 година.

Сер Дејвид Клементи, директор на Би-Би-Си рече дека корпорацијата во следните неколку недели ќе почне да бара нов генерален директор, дополнувајќи дека се посветени на одбирањето на најквалификуваната личност за работата.

Што се однесува на Хол, Клементи рече дека станува збор за креативен лидер кој ги инспирирал другите и кој го водел Би-Би-Си со интегритет и страстно почитувајќи ги вредностите на корпорацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот