„Газета“: Ненад Димитријевиќ може да биде МВП на ВТБ лигата

foto unicsbasket@instagram

Анализата на рускиот медиум „газета.ру“ му дава шанси на македонскиот интернационалец, врз база на досега прикажаното, да се бори за највисоката индивидуална почест во регионалната лига, а на неговиот УНИКС Казањ добра шанса да ја освои титулата.

Најдобриот македонски кошаркар во моментов Ненад Димитријевиќ (24) има голема иднина во руски УНИКС Казањ, каде што настапува од неодамна и може дури и да конкурира за МВП на сезоната во регионалната ВТБ лига, која го дава и шампионот на Русија.

Ова е заклучок од анализата на популарниот руски медиум „газета.ру“, кој го анализира УНИКС, чиј тренер е Велимир Перасовиќ.

– Во Димитријевиќ УНИКС изгледа ја најде својата иднина. Ако тој продолжи да игра до крајот на сезоната како што игра сега, може да биде МВП на регуларниот дел. Во мечот со Партизан Македонецот постигна 30 поени, а во мечот со Зенит го замени Американецот Мејкон, така што никој не се ни сети на него, па речиси постигна дабл-дабл, 17 поени и 9 асистенции – се вели во коментарот на „газета“, во кој се споменува дека УНИКС Казањ никогаш не бил поблизу до освојување на титулата во ВТБ лигата, од сезонава.

Ненад во УНИКС дојде од Валенсија и уште на стартот покажа исклучителна форма. Во мечот за третото место за Суперкупот на ВТБ лигата во кој УНИКС го победи белградски Партизан (83-77), клучниот Димитријевиќ постигна 30 поени.

Во првото коло на ВТБ лигата УНИКС го како гостин совлада актуелниот шампион Зенит Санкт Петербург со 79-82, а Димитријевиќ потоа беше избран во идеалната петорка на колото.

Инаку УНИКС Казањ никогаш не ја освоил титулата во оваа лига. УНИКС минатата сезона во ВТБ беше третопласиран зад ЦСКА Москва и Зенит Санкт Петербург.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот