Гастрономско уживање од вештите раце на Бобе Јанкоска: Џем од модри сливи

Фото: Приватна архива

Јованка Јанкоска Бобе, која стои зад блогот bobesbakery.mk, фејсбук и инстаграм-профилот, е вистински кулинарски креативец – нејзините рецепти се милина и за очите и за непцето.

Бобе денеска споделува рецепт за вистински гурмански деликатес – џем од модри сливи.

– Палачинка намачкана со овој рустичен џем во рубин боја, надополнет со волшебниот вкус од печени модри сливи ќе ве однесе во друга димензија – порачува Бобе.

Фото: Приватна архива

Состојки:

– 3 кг модри сливи
– 1 килограм шеќер
– 1 лажица јаболков оцет

Фото: Приватна архива

Подготовка:

Модрите сливи, исчистени од семки и исечкани на четвртинки, се редат во длабоко тенџере, врз нив се сипува шеќерот и се оставаат 2 часа да отстојат во фрижидер. Потоа се вадат од фрижидер, им се додава лажица јаболков оцет и се става во загреана рерна на 220 степени половина час да почне да крчка, па се намалува температурата на 180 степени и се остава во рерна да се пече додека да згусне, уште час и половина, со повремено мешање.

Кога џемот ќе биде готов, се вади тенџерето, се покрива со влажна крпа и се остава да се излади.

Изладениот џем се полни во тегли.

На здравје!

Фото: Приватна архива

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот