Гастрономско ремек-дело на Дијана Иваноска: Мафини со јаболка

Фото: Приватна архива

Дијана Иваноска стои зад инстаграм-профилот „Dash of Spice“ и ни ги открива малите тајни за создавање магија од вкусови. Своите рецепти почнала да ги споделува со своите следбеници и пријатели од почетокот на пандемијата.

Инвентивната Дијана денеска споделува рецепт за зимско гастрономско уживање – мафини со јаболка.

– Многу брзи и лесни за подготовка, а многу меки и сочни, со нежен мирис на цимет и јаболка. Розите не мора да ги правите, повеќе се за декорација, а јаболка има и во самото тесто. Од оваа количина излегуваат 6 големи мафини. Ако имате калап со 12 треба да ја удвоите количината – го појаснува Дијана ова гастрономско ремек-дело.

Фото: Приватна архива

Состојки за розите:

– 2 јаболка
– сок од 1/2 лимон
– вода

За мафините:

– 200 грама брашно
– 100 грама кафеав шеќер
– 2 лажичиња прашок за печиво
– 1 лажиче ванила екстракт
– 1 лажиче цимет
– 2 јајца
– 150 грама растопен путер
– 1 јаболко сечкано ситно
– 2 лажици млеко

Фото: Приватна архива

Подготовка:

Исечете ги јаболката на тенки кришки. Додајте го сокот од лимон и вода колку да ги покрие. Загрејте ги на оган кратко да омекнат малку. Исцедете ја водата.
Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови.
Сите состојки за тестото измешајте ги во еден сад. Поделете ја смесата во корпи за мафини или директно во намрсен калап за мафини.
Наредете неколку кришки јаболка да се преклопуваат и замотајте ги како роза. Ставете по една роза од јаболко на средината на секој мафин.
Печете 20-25 минути зависно од вашата рерна.
Наросете со шеќер во прав.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот