Галовеј: Прифатливо е, ако има мнозинство, Законот за ЈО да биде донесен

Законот за Јавно обвинителство сам по себе е важен. Тој треба да осигура функционирање на институциите што се неопходни за да се испорача владеење на правото. Затоа законот треба да биде усвоен, вели во интервју за „Слободен печат“, Рејчел Галовеј, амбасадорка на Обединетото Кралство.

– Ќе биде подобро ако сите реформи бидат донесени со консензус во парламентот. Тоа ќе покаже дека сите партии се решени да им испорачаат реформи на граѓаните. Но, кога тоа не е можно, мислам дека должност на Владата е да продолжи со работата се додека законот не помине. Мислам дека е прифатливо, ако има мнозинство, законот да се донесе. Тоа е легитимно – вели Галовеј.

На прашањето, што му фали на нашето судство за да биде навистина независно, британската амбасадорка посочува:

– Мислам дека беа донесени повеќе добри закони последните неколку години, за судскиот совет, за судовите …Овие добри закони не се заради  имплементацијата туку за луѓето да веруваат во имплементацијата и да имаат доверба во судскиот систем. Најголем проблем беше што  довербата на луѓето во судскиот систем беше нарушена и не сите во системот делуваат со професионализам и со интегритет. Она што треба да видиме наредните неколку години е доверба кај луѓето дека можат да преземат акции, дека Судскиот совет може да работи и дека можат да бидат тргнати тие што не работат професионално и со интегритет. Исто така, на судството му треба поголема финансиска независност, треба да се регрутираат и вработат повеќе луѓе и повеќе да комуницира, бидејќи граѓаните треба да сфатат што се случува. Мислам исто така дека имаше некои позитивни чекори што треба да ги поздравиме.

Аферата „Рекет“, според Галовеј, била особено разочарувачка за граѓаните, кои биле многу вознемирени бидејќи токму личноста што беше ангажирана да обезбеди напредок ги изневери.

Целото интервју со амабсадорката на Обединетото Кралство, Рејчел Галовеј, читајте го во утрешното печатено издание на „Слободен печат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот