Фудбалерките ги добија противниците во новото издание од Лигата на Нации

Фото: ФФМ

Македонската женска А репрезентација на извлекување во УЕФА ги дозна противниците во групата за новото издание од Лига на Нации во женска конкуренција.

Нашите најдобри фудбалерки на одржаниот ждреб за противници ги добија репрезентациите на Словенија, Молдавија и Летонија.

Репрезентацијата предводена од селекторот, Кирил Изов е во групата 2 во рамките на  Ц сегментот од Лигата на Нации.

Од ова издание во Лигата на Нации ќе се обезбедува и пласман на Европското првенство во 2025 година кое ќе се игра во Швајцарија.  Од Лига А каде што се најсилните селекции место ќе добијат по два првопласирани од четирите групи. Кога во прашање се Лига Б и Ц каде што е Македонија патот е потежок бидејќи ќе има и плеј-оф дуели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот