„Фраерски е да се чита“ со Биљана Црвенковска во книжарницата ТРИ

Утре во 12.30 часот во книжарницата ТРИ во ГТЦ се организира дружба на млади читатели со Биљана Црвенковска, писателка на литература за децаОвој настан е од отворен карактер и е дел од кампањата Фраерски е да се чита на издавачкиот центар ТРИ насочена кон промоција на читањето меѓу младите. Во рамките кампањата книжарницата ќе донира и книги на училишната библиотека на основно училиште во скопската околина.

Во рамките на активности за привлекување на млади читатели извадачкиот цнетар ТРИ во своите книжарници обезбеди попуст на мноу книги наменети за оваа читателска публика.  

– Ова е само почеток на еден подолгорочен процес. Не застануваме тука затоа што веруваме дека, ако имаме млади генерации што читаат, тогаш ќе имаме популација што размислува разумно и со своја глава. Инвестираме во нешто што е за општо добро за сите, и за таа цел ги повикуваме сите кои директно влијаат врз младите – родителите, наставниците, медиумите – да ни се приклучат во оваа кампања за подигнување читателска свест кај младите – Александра Филиповска од Издавачки центар ТРИ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот