ФОТО+ВИДЕО | Сидни Свини танцуваше без градник и порача: „Извинете што имам одлични гради…“

Сидни Свини / Фото: EPA / Instagram

Американската актерка Сидни Свини неодамна беше критикувана од холивудската продуцентка Керол Баум дека „не е убава“ и „не може да глуми“. И покрај негативните коментари, младата актерка одлучи да ужива со своите пријатели во Мексико.

Имено Сидни на својот Инстаграм сподели серија фотографии и видеа со кои ги воодушеви своите следбеници. Таа беше на одмор во Мексико со пријателите и покажа колку ужива. На видеото кое го сподели таа танцува без градник на музика со маријачи бенд.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Таа сподели и фотографија на која позира во сива блуза, чиј натпис привлече најмногу внимание. На блузата пишува „Извинете што имам одлични гради“.

Помеѓу фотографиите има и нејзини фотографии во бикини, но и фотографии од нејзиното друштво.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Но, изборот на блузата на актерката заинтригира неколку луѓе во коментарите.

„Дали навистина ти е жал?“; „Таа блуза кажува сè, поздрав до хејтерите“; „Сидни, од каде ти е прекрасната блуза? Ми треба!“, беа дел од коментарите.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Само неколку дена претходно, Керол Баум го критикуваше изгледот и актерските способности на актерката. Холивудскиот продуцент, остро ја критикуваше комедијата на Свини од 2023 година, „Само не ти, нарекувајќи ја „негледалива“.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Портпаролот на Сидни одговори на обвинувањата, па во изјавата за „Пејџ сикс, тој рече дека е „тажно“ што Баум избрала „да нападне друга жена“.

Позната продуцентка за Сидни Свини: Не е убава, не знае да глуми и нејзините филмови се негледливи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот