ФОТО+ВИДЕО | Редок случај во медицината: Бебе се роди во недопрена амнионска ќеса

Фото: Твитер

Во шпанскиот град Винарос, во покраината Кастелон, со царски рез е родено девојче со сè уште недопрена амнионска ќеса.

Овој неверојатен настан, еден од 80.000, кој се нарекува скриено породување, е кога бебето излегува од сè уште недопрено амнионско ќесе, кое обично пука кога ќе започнат контракциите, односно породувањето, пишува британски „Мирор“.

За да помине сè без проблеми се погрижила гинекологот и акушер Ана Теијело, која го предводела лекарскиот тим кој го направил царскиот рез.

Теијело на Твитер сподели видео од царскиот рез кој бил направен минатата средата на 23 март.

– Денеска имавме прикриен царски рез (вториот близнак) во болницата Винарос и тука се гледа одушевувањето на учесниците – напишала лекарката во описот на фотографиите.

Амнионската ќеса е тенка ќеса исполнета со течност која го опкружува фетусот во текот на бременоста и помага да се заштити плодот од повреди и да се регулира температурата.

Скриеното породување, познато и како породување „сирена“ или „en caul“, како што уште се нарекуваат, се почести во текот на царските резови, но може да се појават и при вагиналните породувања.

– Прекрасни фотографии, зарем не? Првиот скриен царски рез што сум го видела и ми се допадна. Ништо не им кажувам на студентите, иако признавам дека јас сум таа којашто воодушевено вреска на видеото – напишала Теијело.

„Тоа се случува еднаш на 80.000 породувања. Близнаците кога се родија беа исклучително добро“, додала лекарката.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот