ФОТО+ВИДЕО: Речиси 30 лица загинаа во бурата Компасу на Филипините

Олујата Компасу на Филипините/ Фото EPA-EFE/GMDRRMO

Триесет луѓе загинале на Филипините при лизгање на земјиштето и поплави предизвикани од бурата Компасу, соопшти државната агенција за катастрофи, а 13 лица се водат како исчезнати.

Северната провинција Илокос Сур објави најголем број жртви (14) од кои повеќето се удавиле во поплавите. Три лица се водат како исчезнати во провинцијата, пренесува Ројтерс.

Во провинцијата Бенгует, девет лица, од кои пет деца, загинале во одроните што ги затрупале нивните домови, додека едно дете се уште се води како исчезнато, наведува агенцијата.

Олујата Компасу на Филипините/ Фото EPA-EFE/GMDRRMO

Дваесет и петгодишна жена загина од струен удар во провинцијата Пангасинан, а шест лица се удавија во поплавите во провинциите Кагајан и Палаван.

Девет лица исчезнале во поплавите во Пангасинан, Палаван и провинцијата Ла Унион, додаде агенцијата.

Поплавите Компасу од минатиот викенд го опустошува северниот дел на Филипините со обилни дождови и силни ветрови. Повеќе од 15 илјади луѓе морале да ги напуштат своите домови, а 325 куќи биле оштетени во погодените области.

Штетата за земјоделството и инфраструктурата се проценува на повеќе од 23 милиони долари, соопшти агенцијата за катастрофи.

Филипинските Острови во просек се под закана од 20 тропски циклони годишно.

Најсилниот тајфун што некогаш ги погоди Филипините беше тајфунот Хаијан, во кој загинале повеќе од 6.300 луѓе, а повеќе од 4 милиони луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови во ноември 2013-та година.

Поплави на Филипините, девет лица загинаа при лизгање на земјиштето

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот