ФОТО+ВИДЕО | Празнична регата: Стотина Дедо Мразовци учествуваа на божиќна трка во Венеција

Фото: EPA-EFE/ANDREA MEROLA

Една недела пред Божиќ, на 17 декември, стотина Дедо Мразовци пристигнаа во „градот на лагуната“ со гондоли, обојувајќи го Големиот канал во црвено и носејќи радост и магија во Венеција.

Секоја година во Венеција се одржуваат повеќе од 120 регати. Секој настан или важен датум е добар изговор за натпревар со гондоли, зар не?

Фото: EPA-EFE/ANDREA MEROLA

Една од најшарените е божиќната регата, која се одржува во Венеција повеќе од 10 години за време на божиќниот викенд. Во оваа трка учествуваат мажи, жени и деца подготвени за победа, додека нивните гондоли се украсени со божиќни мотиви.

Настанот започнува на плоштадот „Свети Марко“ и завршува кај мостот „Ријалто“, со бројни прослави за победниците и учесниците.

Фото: EPA-EFE/ANDREA MEROLA

Истовремено, на копно се одржува и Дедомразовската трка. Секоја година, околу илјада луѓе се облекуваат како Дедо Мраз за да учествуваат во оваа трка низ тесните улички на Венеција.

Всушност, најубавата причина за учество е тоа што целиот приход, остварен од услугите поврзани со настанот, оди во добротворни цели.

Му пишуваат деца, политичари, спортисти: Дали знаете дека Дедо Мраз има своја пошта?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот