ФОТО+ВИДЕО | Познатата актерка доживеа незгода на Оскарите: Изгуби рамнотежа и падна пред сите на црвениот тепих

Фото: Frederic J. Brown / AFP / Profimedia

Американската актерка и јутјуберка Лиза Коши беше меѓу првите кои прошетаа на црвениот тепих на овогодинашното доделување на Оскарите. Таа носеше прекрасен црвен фустан и високи потпетици на платформа, што не се покажа баш како најдобра идеја.

Имено, Лиз во еден момент изгуби рамнотежа, се сопна и падна на подот, но тоа не ѝ пречеше премногу. Таа со стил се снајде во целата ситуација. Откако се случи малата незгода, актерката почна да се смее, стана и продолжи да позира пред фотографите.

Снимката од нејзиниот пад брзо се прошири на социјалните мрежи, каде што може да се види дека веднаш ѝ  помогнале да стане. Нејзината реакција ги воодушеви луѓето.

„Се смее и кога паѓа“; „Веќе победи“; „Изгледа одлично“, беа дел од коментарите.

ВИДЕО | Ал Пачино направи сцена на Оскарите: Го прекрши најважното правило, интернет се вжешти

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот