ФОТО+ВИДЕО | Перо Антиќ доби специјално место во музејот на Фенербахче

Фото: Перо Антиќ/Инстаграм

Maкедонската кошаркарска легенда и актуелен претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, Перо Антиќ беше специјален гостин во Истанбул каде што се отвори музеј на турската екипата.

Антиќ остави голема трага во Турција каде што со Фенербахче ја освои Евролигата под водство на тренерот Жељко Обрадовиќ. Во изјавата за турските медиуми, Антиќ порача дека Фенер засекогаш ќе има посебно место во неговото срце.

 

„Прво сакам да испратам честитки затоа што клуб каков што е Фенербахче заслужува вакво нешто. Не само дека јас бев дел од клубот, туку поради фактот што бевме европски шампиони и остваривме големи успеси. Фенер секогаш ќе има посебно место во моето срце“, изјави Антиќ.

Фото: Перо Антиќ/Инстаграм

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот