ФОТО+ВИДЕО | Миа Костова славеше Св. Никола со најблиските, Тамара Тодевска ја подигна атмосферата со песна

Фото: Инстаграм/Миа Костова

Поранешната водителка и актуелна инфлуенсерка Миа Костова вчера го славеше празникот Св. Никола, кој ѝ е и домашна слава.

Таа ги собра најблиските роднини и пријатели во еден скопски ресторан, нешто што ѝ го замерија дел од нејзините следбеници.

„Ќе славам дома кога ќе имам доволно голем дом за да ги соберам сите мои драги луѓе“, одговори таа на критиките.

Фото: Инстаграм/Миа Костова

Костова потоа сподели фотографии од атмосферата во ресторанот, од славската погача и трпезата, но и многу заеднички фотографии со синот Андрија и нејзините гости. Меѓу нив беа и нејзината блиска пријателка Тијана Скулиќ, стилистот Сергеј Варошлија и пејачката Тамара Тодевска, која ги забавуваше присутните со својот прекрасен глас.

„Заради сите вас на масава, јас сум тоа што сум денес. Вие сте мојата сила засекогаш. Посакувам да ве имам секоја следна година. Сите на број. Фала на сите на вниманието, особено на мојата Тамара Тодевска, што ќе ми пее додека ја држи глас. Да сте ми живи и здрави“, напиша Костова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот