ФОТО+ВИДЕО | Јадел по 40 чоколади дневно и тежел 508 килограми, сакале да го кремираат во кланица за животни

Пол Мејсон (61) од Велика Британија до неодамна бил закитен со нималку ласкава титула – „најдебелиот човек на светот“. Вработените во болницата во која се лекувал поради неговата прекумерна тежина сакале да го кремираат во кланица.

Во документарецот на телевизијата „ИТВ“, Пол раскажал дека планот на вработените во болницата бил „одвратен“. Пол во текот на своето тригодишно лекување дознал што смислиле тие во случај на негова смрт.

– Ако умрам во болницата, не би можеле да излезат на крај со некој со мојата големина па направиле образец дека, ако умрам во болницата, ќе мора да ме однесат во кланицата каде што големите животни одат и умираат… И би бил кремиран таму каде што ги кремираат животните. Тоа е одвратно и не можам да верувам дека би направиле нешто такво – изјавил тој.

Пол во моментот на лекувањето тежел 508 килограми. Во документарецот признал дека јадел по 40 чоколади дневно поради кои почнале да му пропаѓаат забите. Не посетувал стоматолог и сам ги вадел со клешти. За да ја намали болката, тој стерилизирал игла и директно ја забодувал во процепот помеѓу непцата и забот за да го убие нервот.

Килограмите дополнително ги наталожил во изолацијата, прејадувајќи се со чипс – неговата омилена ужина.

Поради огромната тежина не можел да се движи ниту да излегува од куќата.

На Пол му биле потребни две замени на колена, нов колк и неколку операции, но до операции не дошло поради пандемијата – па побарал утеха во грицките.

Pol Mejson sa bivšom suprugom

Фото: Принтскрин/Youtube/CBS News

По операцијата на врзување на желудникот, Мејсон успеал да изгуби 120 килограми и ја запознал Ребека, која го запросила во 2014 година на американска телевизија. Во бизарниот сплет на околности во 2019 година, парот се развел затоа што се скарале за векна леб, која Пол сакал да ја изеде. Тој ја напуштил Ребека и се вселил кај непозната жена што ја запознал на Фејсбук.

Поради сериозни проблеми со исхраната во ноември 2018 година, Пол завршил на суд во САД поради кражба на намирници во продавници. Украл храна во вредност од 1.000 долари.

По судската постапка, Пол се вратил во Британија и вели дека сега конечно се враќа на нормалниот живот. За сите ужаси што го снашле, тој го обвинува тригодишното сексуално злоставување во детството.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот