ФОТО+ВИДЕО | Ја прослави фотографијата од затвор со истетовираното лице, а сега направи невидена трансформација!

Фото: Фејсбук/ Инстаграм

Алиса Зебраски (31) од Охајо, која стана позната низ целиот свет кога на интернет се појави фотографија од затвор, од нејзиното истетовирано лице, сега ја покажува својата трансформација на ТикТок откако со ласерски третмани ги отстрани тетоважите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Daily Loud (@daily_loud)


Алиса првпат беше спомната во јавноста во декември 2018 година, откако беше уапсена за кражба во продавница и поседување дрога.

На фотографиите, таа имала голем број тетоважи на лицето, вклучувајќи черепи околу очите, пајажина на челото и повеќе цртежи инспирирани од скелети околу нејзините образи, нос и усни.

@spiritualunicorn216 #tattooremoval #removery #inknititive ♬ original sound – spiritualunicorn216

Без оглед на кривичните дела што ги направила, Алиса станала популарна поради нејзиниот многу необичен изглед. Освен тоа, по отслужената казна одлучила да се посвети на средување на својот живот, па тоа дополнително ѝ помогнало да стане исклучително следена на социјалните мрежи. Луѓето порано ја линчувале со коментари и зборувале дека се унаказила, но сега ѝ даваат несебична поддршка.

– Влегувам во продавницата, а луѓето зјапаат во мене. Непријатно ми е. Сакам да ме гледаат како нормална личност. Го живеам својот живот како и сите други – рекла во една прилика во видеото кое го објавила на социјалните мрежи.

Алиса решила да се збогува со своите тетоважи, а лекарите ѝ рекле дека ќе ѝ требаат десетина сесии од по 20 минути за да се ослободи од тетоважите.

– Кога првпат почнав, ми ги обработија образите, челото и рацете бидејќи телото може да зацели само толку тетоважи одеднаш. Сега образите се чисти, но уште не сме почнале околу устата – објаснила таа.

@spiritualunicorn216 Replying to @korleyr ##spreadlovenothate #removery #tattooremoval ♬ Jerk (Sped Up Version) – Oliver Tree & sped up nightcore


Во видеото што го споделила признала дека процесот е многу болен, но дека не ја обесхрабрува и дека ќе истрае во намерата.

– Првичната болка од ласерот би ја споредила со триење на ластик на вашата кожа. Потоа се чувствува некоја болка, речиси како да си истуриш масло од шпорет на раката, тоа е најблиску што можам да го споредам со она што го чувствувам – рече таа.

Алиса го истетовирала лицето пред повеќе од четири години бидејќи, како што вели, била во токсична врска со нејзиниот сега веќе поранешен партнер, кој тогаш бил во банда во која таа се обидувала да се придружи за да го импресионира.

Нејзиниот тогашен партнер ја советувал да направи повеќе тетоважи на лицето доколку сака да биде дел од бандата, а таа се обидела, па подоцна зажалила, најмногу поради суровите коментари на луѓето кои ја нарекувале изрод.

@spiritualunicorn216😬😬 that change♬ Change (In the House of Flies) – Deftones


Во текот на следните неколку години, Алиса се нашла во притвор три пати за само шест месеци. Откако отишла на рехабилитација, 31-годишната жена очајно сакала еднаш засекогаш да се ослободи од тетоважите и да му се врати на нормалниот живот без да го крши законот, а сега тоа го прави со поддршка на новото момче и семејството.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот