ФОТО+ВИДЕО | Хаос во Грција: Полицијата употребува водени топови и солзавец за да ги растера демонстрантите кои протестираат против новите мерки за ковид-19

Фото: EPA

Најмалку 4500 демонстранти се собраа вчера на плоштадот „Омонија“ во Атина, а потоа се упатија кон плоштадот „Синтагма“ и го попречуваа сообраќајот, објави грчката полиција.

Во соопштението се вели дека 1500 демонстранти останале околу 40 минути на плоштадот „Синтагма“ и на улицата поврзана со плоштадот, „игнорирајќи ги предупредувањата и повиците на полицијата да се засолнат со цел да се овозможи непречен сообраќај“.

– Одеднаш, неколкумина од нив започнаа да пукаат кон полицијата со парчиња мермер, камења, факели и молотови коктели. Тогаш полициските службеници користеа водени топови, со ограничена употреба на солзавец, за да ја растераат масата, се посочува во денешното соопштение.

Полицијата додава дека по инцидентот биле приведени 25 лица, пренесе „Спутник“.

EPA-EFE/ALEXANDROS BELTES
EPA-EFE/ALEXANDROS BELTES
EPA-EFE/ALEXANDROS BELTES
EPA-EFE/ALEXANDROS BELTES

Мицотакис ги повика Грците задолжително да се вакцинираат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот