ФОТО+ВИДЕО | Дејвид Бекам потрошил 250.000 фунти за 50-тиот роденден на сопругата: Посебно изненадување бил настапот на „Спајс грлс“ заедно со Викторија

Фото: Profimedia

Дејвид Бекам потрошил 250.000 фунти на 50-тиот роденден на сопругата Викторија на велелепната роденденска забава, со холивудската легенда Том Круз како предводник на листата на славни гости.

Модната дизајнерка Викторија Бекам во саботата го прослави својот 50-ти роденден.

По тој повод организирала гала прослава, а за специјалното изненадување, според пишувањата на странските медиуми, се погрижил нејзиниот сопруг – поранешниот фудбалер Дејвид Бекам.

Дејвид воопшто не штедел пари за јубилејниот роденден на сопругата, а потрошил околу 250.000 фунти за ангажирање на омилениот готвач на Викторија и за купување на нејзиниот омилен шампањ, кој чини 3.000 фунти по шише, пишува „Дејли мејл“.

Посебно изненадување за сите биле членките на некогаш многу популарната група „Спајс грлс“, од која беше дел и Викторија. Петте „спајсици“ заедно ја извеле својата песна „Stop“, а имале и кореографија. Дејвид го снимал сето ова, не тргнувајќи ја насмевката од лицето.

 

Пред да започне прославата, Дејвид и Викторија позирале заедно со нивните четири деца, а Викторија во тогашната објава на Инстаграм напишала дека „едвај чека да започне прославата“.

Викторија и Дејвид Бекам со децата / Фото: Принтскрин/Инстаграм

ФОТО | Романтичен бакнеж на зајдисонце: Викторија и Дејвид Бекам си го честитаа Денот на вљубените

ФОТО | Викторија Бекам направи легендарна роденденска забава: Дејвид ја изнесе од клубот на грб, Том Круз му помагаше на фотограф кој падна

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот