Фотографија која го прикажува ужасот од климатските промени: Ова е прв знак дека на планетата и се заканува КАТАСТРОФА

Фото: Твитер

Стефен Олсен, метеорологот од Данскиот метеоролошки завод, беше на рутинска мисија во северозападниот дел на Гренланд каде требало да ги собере инструментите за мерење на атмосферските промени оставени од неговите колеги. Неговата мисија не помина како што очекуваше.

Наместо да ги најде метеоролошките инструменти поставени на дебелата ледена покривка, на местото го дочекала огромна количина вода, односно стопениот мраз на Гренланд.

Тој ја снимил тажната глетка – кучињата како влечат санка за на снег застанати во светлосината вода, и фотографијата вирално се рашири на социјалните мрежи, главно од луѓе кои предупредуваат за глобалното затоплување.

Оваа фотографија сигурно ќе остане запаметена како уште една во низата моќни фотографии што сведочат за последиците од глобалното затоплување.

Олсен на Twitter предупреди дека заедниците на Гренланд зависат од замрзнатото море за превоз, лов и риболов и дека топењето на ледената покривка прво ќе се одрази кај нив и нивното преживување.

Повеќе од 40 отсто од мразот на Гренланд, или две милијарди тони мраз, се истопија за 24 часа во текот на викендов.

Иако Гренланд е најголем остров на светот со големо количество мраз, многу е невообичаено толку многу мраз да се истопи во јуни. Сезоната на топење трае од јуни до август, а најголем дел се топи во јули.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот