Фотографии од храбри луѓе кои и се смеат на смртта во лице

Фото: Принтскрин

Сликата кажува милион зборови, но сепак не се сите фотографии исти. Овие фотографии, настанале во непосредна смртна опасност, ја откриваат храброста на непознати јунаци кои на кој начин останале вечно забележани.

1. Последната насмевка

Оваа фотографија финското Министерство за одбрана во 2006 година ја објави под наслов –  „непознат советски таен агент непосредно пред да биде убиен во Финска, 1942 година“. Во текот на втората светска војна, Финска била сојузник со нацистичка Германија, со единствена цел повторно да ја освои територијата загубена во Зимската војна со Советскиот Сојуз во 1939 година. Шпионите овде биле најактивни во периодот од 1941 и 194 година, кога биле заробени вкупно 588, а 161 од нив биле убиени.

Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин

2. Отпор со насмевка

Оваа фотографија е забележана во 1944 година, на која се гледа Гоергес Блинд, член на француското Движење отпор, за време на Втората светска војна. Тој на сликата им се смее во лице на нацистите кои се подготвени да го стрелаат. Можно е и да смее бидејќи го видел фотоапаратот, па намерно не сакал да го признае стравот пред непријателот, но во секој случај тој оставам впечаток на многу храбар човек.

Фото: Принтскрин

3. Бесење

Во моментите пред да биде обесен, на фотографијата е прикажан Стјепак Филиповиќ, во 1942 година. Рацете му се високо кренати во знак на бунт. Пред да биде заробен, Филиповиќ бил југословенски партизан. Пред смртта тој извикал: „Смрт за фашизмот, слобода за народот“.

Фото: Принтскрин

4. Камикази

На сликата е прикажан како 17-годишниот јапонски војник Јукио Араки држи кученце. Араки веќе следниот ден откако е направена оваа фотографија починал во самоубиствен камиказа напад.

Фото: Принтскрин

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот