ФОТО | Запознајте ги британските близнаци „села на духови“

Фото: Wikimedia commons

Во 1943 година, жителите на Имбер и Тајнхем добиле еден месец да се евакуираат. Осумдесет години подоцна, овие села остануваат ненаселени или таканаречени „села на духови“ – сведоштво за заедниците што исчезнаа, пишува „Би-би-си“.

Фото: Wikimedia commons

Лоциран во рурална јужна Англија, Салисбери Плејн сега е најголемата област за воена обука во Обединетото кралство. Пред Втората светска војна, периметарот од 1000 јарди бил почитуван кога армијата тренирала на рамнината, но бидејќи повеќе војници пристигнале и обуката се зголемувала, било одлучено дека безбедноста на селаните повеќе не може да биде загарантирана. На 1 ноември 1943 година, селаните биле повикани на состанок и информирани дека имаат 47 дена да заминат од селата.

Фото: Wikimedia commons

Денес, додека Имбер е сè уште активна област за воена обука, селото останува празно. Нема жители, нема поштенски код и максимум 50 дена јавен пристап годишно, иако, како што изјавил Нил Скелтон, чуварот на црквата Сент Гилс од 13 век, тој не бил сведок дека некогаш тие 50 дена биле целосно доделени.

Освен црквата која е обновена, останале само конструкциите од неколку оригинални градби поради оштетувања од тренинзите и негрижа. И покрај ова, Имбер нема проблем да привлекува посетители: пред пандемијата на коронавирусот, околу 16.000 луѓе го посетуваа секоја година за да дознаат повеќе за чудната историја на Имбер и да истражат едно од најнепристапните села во Британија.

Фото: Wikimedia commons

Приказната на Имбер продолжува да се развива на неверојатни начини, како што е Имбербус, најпопуларниот отворен ден во селото. Секое лето, класичните автобуси на Рутермастер (Routemaster) пренесуваат илјадници патници низ Солсбери Плејн, помеѓу градот Варминстер и Имбер, собирајќи значителна сума пари за добротворни цели. Организаторот, лордот Хенди од Ричмонд Хил, објасни: „Го избравме Имбер затоа што беше место со мала веројатност за управување со автобуски превоз и претставуваше посебен предизвик бидејќи пристапот е невозможен за сите, освен неколку дена во годината… исто така го направи селото многу пошироко познато“.

Фото: Wikimedia commons

Во Имбер имало четири отворени денови на почетокот на јануари 2023 година, а колони од автомобили испрскани со кал се наредиле по патот што се приближува до селото. Активноста се фокусирала околу црквата Сент Гилс, а камбаните биеле додека луѓето ги чувале гробовите во дворот на црквата и ја истражувале средновековната внатрешност. Црквата продолжува да одржува годишна служба за Денот на сеќавањето, а оние што живееле во Имбер сè уште имаат право да бидат погребани во дворот на црквата.

Имбер не единственото село што стана „село на духови“ во есента 1943 година. Педесет милји на југ, на делот од крајбрежјето означено како единственото природно светско наследство во Англија, се наоѓа селото Тајнхем.

На 16 ноември 1943 година, беше издадено известување за евакуација на сите домаќинства во Тајнхем, чиј извадок гласи: „Армијата мора да има површина на земјиште особено прилагодена на нивните посебни потреби и во која тие можат да користат живи гранати“. Избрани поради неговата мала големина и релативната изолација, жителите на Тајнхем добиле само 28 дена да заминат. Иако во известувањето не било наведено дали евакуацијата треба да биде трајна, жителите верувале дека ќе се вратат. Еден од последните што заминале, закачил белешка на вратата од црквата во која пишувало: „Ве молиме постапувајте со црквата и куќите внимателно. Ќе се вратиме еден ден и ќе ви благодариме што љубезно се однесувавте кон селото“.

Фото: Wikimedia commons

Меѓутоа, по завршувањето на Втората светска војна, владата ја објави својата одлука да го задржи Тајнхем како дел од полигонот Лулворт, воена област што ја користат тенкови и оклопни возила за вежбање со живо гаѓање. Кампањата за да им се дозволи на жителите да се вратат во селото беше започната во 60-тите и беше одржана дебата во Парламентот, но одлуката на владата да ја задржи областа за воена обука се сметаше за конечна. Иако селото не беше вратено, ограничен јавен пристап беше доделен на Тајнхем, како и пешачки патеки, кои се отворени повеќето викенди и во одредени празнични периоди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот