ФОТО | За неа долната облека не е опција: Сопругата на Канје во проѕирен фустан како најлонска кеса

Фото: GAMR/BIGKHROME / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Канје Вест и неговата сопруга Бјанка Ценсори повторно го привлекоа целото внимание со своите модни изданија во кои се појавија во Лос Анџелес.

Додека раперот беше завиткан од глава до пети во црно, неговата 29-годишна партнерка се појави во проѕирен фустан од латекс под кој очигледно не носеше долна облека.

Контроверзната двојка беше видена како поминува покрај обожавателите, на нивниот состанок во италијанскиот ресторан „Бакари“ во Лос Анџелес – малку полуксузно место во споредба со нивното неодамнешно излегување во „Факбриката за чизкејк“.

Фото: GAMR/BIGKHROME / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Својот целосно проѕирен фустан кој наликуваше на најлонска кеса, под кој ѝ се гледаа градите и другите интимни делови, Бјанка го комплетираше со црвени чорапи и сатенски потпетици.

Да потсетиме, раперот и неговата сопруга се венчаа во декември 2022 година, само неколку недели откако го финализираше разводот со 43-годишната Ким Кардашијан, со која има четири деца.

Фото: Kanye West, Bianca Censori, Credit line: GAMR/BIGKHROME / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Канје во последно време многу парадира со полуголата Бјанка низ светот, а нејзините провокативни изданија предизвикуваат загриженост дека тој ја контролира. Извори неодамна изјавија за „Дејли мејл“ дека Бјанка знае дека „претерано се изложува“ и дека ѝ е преку глава од тоа што ја користи како „бесплатна маркетиншка алатка за неговиот претстоен албум“. Исто така, се вели дека „ѝ треба пауза и треба малку да се повлече од очите на јавноста“, иако „ѝ се допаѓа вниманието што го добива“.

Што се однесува до желбите на Бјанка, таа наводно сака да престане да се појавува во толку разголени изданија и наместо тоа да се „фокусира на тоа да има деца“ откако ќе биде објавен албумот на Вест.

ФОТО | Сопругата на Канје Вест полугола на вечера: Облекла само градник и хулахопки, а интимната зона ја покрила со чантата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот