ФОТО | Вознемирувачко откритие во Помпеја: Пронајдена пекара-затвор каде се експлоатирале робови и магариња

Фото: Handout / AFP / Profimedia

Археолозите кои работат на тековните ископувања во регионот 9, Инсула 10, во близина на падините на античкиот град Помпеја, Италија открија вознемирувачко место, односно пекара-затвор каде поробените работници и ослепени магариња биле затворени и експлоатирани за производство на леб, пишува „Еуроњус“.

Тесниот работен простор, опремен со мали прозорци високо во ѕидовите кои биде обезбедени со железни решетки, беше откриен за време на поширокиот проект чија цел е обезбедување и консолидирање на неископаните области на Помпеја.

Се претпоставува дека резиденцијата во која се наоѓа пекарата била во процес на реновирање кога ерупцијата на вулканот Везув во 79 година довела до нејзино уништување.

Фото: SP / Zuma Press / Profimedia

Меѓутоа, откривањето на три жртви во една од собите на пекарата, во последните месеци сугерира дека имотот сè уште имал поединци во моментот на ерупцијата.

Без врати и каква било надворешна комуникација, производниот простор имал само излез што води до атриумот (дворот) на куќата, ограничувајќи го движењето на поединците во внатрешниот простор. Во него робовите и животните морале заедно да работат и да спијат.

„Тоа е, со други зборови, простор во кој треба да замислиме присуство на луѓе со сервилен статус чија слобода на движење сопственикот почувствувал потреба да ја ограничи“, забележува Габриел Цухтригел, директор на Археолошкиот парк во Помпеја.

Како што е опишано и од писателот Апулеј од вториот век од нашата ера, во непосредна близина на шталата, областа за мелење на жито покажува полукружни вдлабнатини во вулканските базалтни плочи за поплочување, веројатно намерно направени резби за да го координираат движењето на животните и да ги спречат да се лизгаат и да формираат „кружна бразда“.

Абењето на овие вдлабнатини сугерира синхронизирани циклуси што се вршат околу воденичките камења, слични на запчаниците на механизмот на часовникот.

Фото: Handout / AFP / Profimedia

Пекарата, која сè уште работела во времето на ерупцијата на Везув, кога лавата и пепелта целосно го покриле градот и на тој начин го сочувале за археолошки истражувања, ја открива екстремната суровост по која била позната Римската империја.

Мрачната реалност на секојдневниот живот во овој простор ќе биде претставена и на претстојната изложба со наслов „Другата Помпеја: обични животи во сенката на Везув“, која ќе биде отворена на 15 декември во „Палестра Гранде“ во Помпеја.

Изложбата фрла светлина врз заборавените поединци, како што се робовите, кои, иако честопати биле занемарени од историските извори, го сочинувале мнозинството од населението, што значително придонесувало за економијата, културата и општественото ткиво на римската цивилизација.

ФОТО | Стара 2.000 години: Во Помпеја е откриена фреска на која е насликана пица

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот